Дербито Фенербахче-Бешикташ, во полу-финалето на Купот на Турција, не го дочека својот крај. Гостинскиот тренер Шенол Гунеш со тврд предмет беше погоден во главата, потоа се случи и мешаница на теренот, по што гостинските фудбалери заминаа во соблекувалната. Мечот е прекинат во 56.минута и веројатно Бешикташ ќе го добие со службен резултат.
Трнерот Гунеш ноќта ја минал в болница, а техничкиот директор на Бешикташ Фикрет Осман рекол дека „тренерот е со паднат морал, но се чувствува добро“.
Од Бешикташ бараат Фудбалскиот сојуз на Турција да реагира веднаш, да ги казни виновниците и да му ја додели победата на Бешикташ.
„Ова е грда слика, која не сакаме да испратиме во светот. Дерби мечевите носат одредена тензија, не е прв пат на наш фудбалер да му биде покажан црвен картон, но никогаш не се случило вакво нешто. Мора да се знае кој доаѓа на трибините. Ова е тажен ден. Тажно е што ова му се случи на тренерот кој со нашата репрезентација беше трет во светот“, дополнил Осман.
Инаку, по натпреварот на социјалните мрежи се појави снимка од тунелето на стадионот, каде имало уште еден инцидент. Наводно, челниците на Фенербахче ги нападнале гостите од Бешикташ.