Претседателот на Бока Јуниорс Хорхе Арно рекол дека Златан Ибрахимовиќ има желба да го облече дресот на аргентинскиот фудбалски великан и дека неговата плата нема да претставува финансиски проблем за клубот.
Ибрахимовиќ минатата недела изненади со изјавата дека сака да игра за Бока Јуниорс. Инаку, неговиот договор со ЛА Галакси истекува за три месеци.
„Вистина е дека Ибрахимовиќ сака да игра за Бока Јуниорс. Ние имаме можност да го донесеме. Клубот се наоѓа во добра ситуација, финансиски сме доволно јаки за да можеме д си дозволиме еден таков луксуз. Можеме да го платиме неговиот договор“, рекол Арно.