Top Sport

Имаше договорен трансфер во Барселона, а ќе заврши во Реал?

Една од поинтересните фудбалски приказни е онаа за Адриен Рабио. Овој фудбалер се наоѓа во немилост на челниците на ПСЖ, откако во ноември одби да го продолжи договорот.

По завршувањето на сезоната, Рабио, како слободен играч ќе замине од Париз, меѓутоа не е познато каде ќе игра.

Во јануари речиси сигурно беше дека ќе заврши во Барселона, но бидејќи неговата мајак, која се грижи за кариерата на својот син, имала нереални финансиски барања, Каталонците се откажаа од него и го донесоа Френки Де Јонг.

Самиот Рабиот ја одби можноста да игра за Тотенхем, а интерес за него има кај Баерн Минхен и Ливерпул.

Најновите шпекулации говорат дека во трката за неговиот потпис ќе се вклучи и Реал Мадрид, каде под водство на Зидан се подготвува реконструкција на тимот.

Реал планирале да потрошат 500 милиони евра на засилувања во летниот преоден рок, а доколку го донесат Рабио за него нема д платат ниту еден цент.

Scroll to Top