Top Sport

„Имавме врвен тим, но на терен за к.р не вредевме“

Синиша Михајловиќ, тренерот на фудбалерите на Болоња, говорел за периодот кога играл во репрезентацијата на Југославија заедно со Драган Стојковиќ, Предраг Мијатовиќ, Дејан Савичевиќ, Владимир Југовиќ…

Михајловиќ во Италија настапуваше за Рома, Сампдорија, Лацио и Интер. Додека беше активен играч го добил прекарот „Челичниот наредник“.

Југославија и покрај тоа што имаше играчи од светска класа не успеа да направи забележителен резултат на големите натпреварувања. Генерацијата на Михајловиќ има еден пласман во осмина-финале на СП и еден пласман во четврт-финале на ЕП.

„Дисциплината беше основната причина. Играв во националниот тим, кој беше полн со врвни играчи, но на теренот ни за к.р не не биваше. Зошто? Бидејќи немаше дисциплина. Постојат правила и морате да ги почитувате, во спротивно ништи нема да направите“, рекол Михајловиќ за „Кориере дело Спорт“.

Scroll to Top