Top Sport

Имобиле: Милинковиќ-Савиќ ме познава исто како мојата сопруга

Чиро Имобиле вели дека ќе го однесе Сергеј Милинковиќ-Савиќ на вечера во знак на благодарност за неговата 23. асистенција кон капитенот на Лацио при 2:0 победата над Верона. 32-годишниот Имобиле веќе има 3 гола во 6 меча оваа сезона, а Лацио се со 11 поени на табелата во Серија А, три зад лидерите Наполи, Милан и Аталанта.

„Сергеј е неверојатен фудбалер, исто како Луис Алберто, споделив многу голови со нив. Секогаш ме поставувааат на вистинското место. Ме познаваат исто како мојата сопруга, наскоро ќе одиме на вечера“, изјави Имобиле по мечот.

„Ќе забележам и ќе те потсетам во соблекувалната“, одговори Милинковиќ-Савиќ, кој 23 од своите 41 асистенции во Серија А ги има кон Имобиле.

Scroll to Top