Освојувачот на „златната копачка“ за минатата сезона, ѕвездата на Лацио, Чиро Имобиле вели дека му е чест што неговото име е запишано во историјата покрај имиња како Лео Меси и Кристијано Роналдо, и открива дека негов фудбалски идол бил поранешниот француски напаѓач на Јуве, Давид Трезеге.
„Погледнете ја листата на освојувачи на ‘златната копачка’, Лео Меси и Кристијано Роналдо, а низата ја прекина во 2016 само Луис Суарез, уште еден шампион. Да се види сопственото име во такво друштво е навистина неверојатно. Без ‘златната топка’ оваа година, наградата е уште позначителна, а го победив Роберт Левандовски, неверојатниот напаѓач на Баерн“, вели Имобиле за „Франс фудбал“.
Тој исто така открива дека Трезеге му бил совршен напаѓач, иако учел и од други фудбалери.
„Трезеге ми остави неверојатен впечаток во шестнаесетникот. Никогаш не сум видел таков фудбалер. Имаше координација и техника за да постигне каков гол сака. Тука беа и Кристијан Виери со репрезентацијата, Филипо Инзаги во Лигата на шампионите, Лука и Тони и Алберто Џилардино на СП во 2006. Почнав да го разбирам фудбалот со овие момци“, додава Имобиле.