Чиро Имобиле беше исклучен, а Торино славеше со 1:3 на гостувањето во Рим кај Лацио во меч одбележан со многу „искри“ на теренот.
Во првото полувреме, домаќините имаа повеќе шанси, но во финишот останаа без Имобиле, кој реагираше луто и го турна Николас Бурдисо за да добие црвен картон.
Со играч повеќе, Торино поведе со одличниот гол на Шпанецот Алехандро Беренгуер во 56. минута, за десет минути подоцна Ринкон да постигне уште поубав гол од работ на шестнаесетникот за водство од 0:2.
Лацио не се предаде и во 69. минута намали по соло голот на Луис Алберто, но во 73. минута Симоне Едера постигна уште еден убав гол за конечни 1:3.
Со победата, Торино се искачи на осмото место со 23 поени, додека Лацио остана на петтото место во Серија А.