Top Sport

Имобиле промаши пенал – Пораз на Лацио во Болоња

Фудбалерите на Болоња забележаа значајна победа над Лацио (2:0), во Серија А. Болоња ја запиша седмата победа сезонава и со 28 бода се на 11.место, додека Лацио од друга страна направија чекор наназад во борбата за пласман во Лигата на шампионите. Лацијалите остана на шестото место со 43 бода.

По еден гол играчите на Болоња постигнаа во секое полувреме. Мбај го постигна првиот гол во 19.минута. Резултатот 1:0 беше актуелен до 64.минута, кога Сансоне го постави конечниот резултат. Две минути пред вториот гол на Болоња, Имобиле промаши пенал.

За Болоња ова беше прва победа над Лацио по цели 15 натпревари.

Scroll to Top