Top Sport

Имобиле: Вечерва направивме 10 чекори наназад

Капитенот на Лацио, Чиро Имобиле не ја криеше разочараноста откако неговиот клуб доживеа тежок 5:1 пораз од данскиот Митјиланд во второто коло на Лига Европа, велејќи дека клубот направил „10 чекори наназад“.

Ова е само четврти пат во историјата на Лацио да примат барем 5 гола во европските натпреварувања, по 6:0 поразот од Ленс во 1977, 5:3 од Тенерифе в 1996 и 5:2 од Валенсија во април 2000, а доаѓа како изненадување откако во првиот меч доминираа при 4:2 победата над Феенорд. По крајот на мечот, фудбалерите се извинија на околу 200 навивачи на Лацио кои отпатуваа воДанска.

„Чувствувам потреба да се извинам на навивачите кои дојдоа тука од Рим. Утре ќе го гледаме мечот и ќе сфатиме што недостасуваше за да се случи ваков резултат. Како да не излеговме на теренот. Го потценивме противникот и скапо плативме. Наместо чекор напред, направивме 10 чекори наназад. Не чека работа, мислевме дека имаме постојаност и солидност, но бевме тешко поразени“, вели Имобиле.

Scroll to Top