Преговорите траеја неколку месеци, а денеска се официјализираа. Новата соработка на Инаки Вилијамс со Атлетик Билбао ќе трае до крајот на неговата кариера, а сега фудбалерот има 25 години.
Вилбао му даде договор на фудбалерот на 9 години, со траење до летото 2028 година.
На сличен начин, Атлетико Мадрид го „врза“ својот играч Саул Нигез.
Вилијамс минатата година потпиша продолжување на соработката со баскискиот клуб за 7 години. Според тој договор, неговата излезна клаузула порасна од 80 на 108 милиони евра. Сега, со новиот договор, доколку некој клуб сака да го ангажира фудбалерот, ќе мора да плати отштета од 135 милиони евра.
Интерес за 25-годишникот кој минатата сезона постигна 15 гола покажуваше Манчестер Јунајтед.
Вилијамс кој е на добар пат да стане клупска легенда досега за Атлетик одигра 204 натпревари, даде 49 гола и подели 27 асистенции.
Because you are a lion… ?
… and because this is your home ?
?✍? #WILLIAMS2028 ???#AthleticClub ?⚪ pic.twitter.com/1TF20g7OrE
— Athletic Club (@Athletic_en) August 12, 2019