Севилја вечерва ќе го пречека Динамо Загреб во Лига Европа. Пред дуелот, во хулиганите на хрватскиот клуб, познати под името „Бед блу бојс“, предизвикале серија инциденти во градот.
Локалните медиуми, објавија дека хулиганите од Загреб предизвикале серија инциденти во делот на градот Пасео Колон и искршиле неколу излози во улицата Сијерпес.
Шпанските власти го окарактеризираа овој натпревар како високо ризичен, поради што на гостинските навивачи ќе внимаваат 700 полицајци и редари.
Се очекува Динамо на „Рамон Санчез Писхуан“ да има поддршка од околу 1.700 навивачи.
„Бед блу бојс“ и пред шест години направија хаос во Севилја, тогаш тројца беа уапсени.