Серхио Агуеро го има „резервирано“ дресот со број 10 во аргентинскиот клуб Индепендиенте, вели сегашниот тренер, а негов поранешен соиграч Лукас Пусинери по шпекулациите дека ѕвездата на Манчестер сити размислува за враќање во татковината.
Рекордниот стрелец на Сити си замина од клубот од детството пред 14 години за трансфер во Атлетико Мадрид и честопати зборуваше дека има желба да се врати во „Ел рохо“. Тој има 32 години и договор со Сити до 2021 година.
„Се надевам дека ќе ми дојде ред да му бидам тренер на Кун Агуеро. Бев негов соиграч и се надевам дека повторно ќе се видиме тука во Индепендиенте. Го чуваме неговиот дрес со број 10. Зборував со него пред месец дена и честопати се слушаме“, вели Пусинери.
Индепендиенте ја заврши сезоната 2019/20 во Аргентина на разочарувачкото 14. место, а клубот ја освои својата последна, седма титула од Копа Либертадорес во далечната 1984 година.
„Со Серхио во тимот ќе се даде мотив на сите кои го сакаат Индепендиенте. Ако влеземе во Копа Либертадорес, тоа ќе биде поголем мотив. Луѓето го сакаат и тој им е идол тука“, вели Пусинери.