Откако одиграа 1:1 во првиот меч минатата недела, Индепендиенте ги чека тешко гостување во Порто Алегре, каде што ќе го играат вториот меч во Рекопа Судамарикана против Гремио, но сега со посебен „член“ на тимот – локалниот „вештер“ Мануел.
Мануел, кој е навивач на аргентинскиот клуб од предградието на Буенос Аирес, работи како „брухо“ – шаман/вештер/маѓепсник во Авелјанеда. Индепендиенте смета дека со неговата магија ќе имаат повеќе среќа.
Според „Глобо еспорте“, Мануел бил присутен на минатогодишното финале од Копа Судамерикана против Фламенго, кој Индепендиенте го доби со вкупен скор од 3:2, и тој постојано бил до тренерот Ариел Олан.
Неодамна, тој беше „неофицијално“ ангажиран од Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) за да помогне Лионел Меси и сонародниците да се квалификуваат за Светското првенство во Русија по победата во последниот меч со Еквадор.
Con el Brujo Manuel entre sus filas, Independiente espera en Porto Alegre por la revancha de la Recopahttps://t.co/FDg3j9G154 pic.twitter.com/reFPEHDJ9e
— TodaPasion (@TodaPasion) February 20, 2018