Top Sport

Инфантино: Го чекавме 150 години, но ВАР се уште не е совршен

Оваа сезона е прва во која се употребува широкоприфатениот систем за помош на судиите (Video Assistant Referee – VAR).

Сепак навивачите велат дека фудбалот „изгубил душа“ затоа што се чека на „одложено славење“ додека судиите од ВАР собата прегледаат дали било гол, офсајд или фаул.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино вели дека ВАР системот не се користи правилно во одредени земји, а потенцира и дека конечната одлука треба да е онаа на главниот судија.

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо им рече на новинарите дека системот треба да се вика „Видео судија“, а не „Видео за помош на судии“, затоа што, според него, главниот судија веќе не донесува одлука. Според спроведени анкети, дури 6 од 10 навивачи сметаат дека системот работи лошо во Премиерлигата.

„На почетокот Италија поминуваше низ сличен турбулентен период, така што сегашните критизери, посебно од Англија, не би ги разбирал премногу драматично. Нема причина во Англија да не биде успешен системот, како и на секое друго место. Мислам дека е нормална ситуацијата за нешто што сме го чекале 150 години. Не можеме да се преправаме дека се е совршено, но постои одреден напредок. Ова сигурно е чекор во вистински правец“ – вели Инфантино.

Scroll to Top