Специјалното обвинителство во Швајцарија денеска препорача да биде отворена истрага против претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино поради злоупотреба на приватен авион во 2017 година.
Обвинителот Штефан Келер наведува дека „резултатите од истрагата ги испратил до федералното обвинителство кое со свои средства ќе се бори во овој случај“. Келер нема овластување самиот да отвори кривичен случај.
Инфантино би можел да е дел од истрага затоа што користел приватен авион резервиран од ФИФА за да патува од Женева до Суринам по што посетил членови на Федерацијата на Карибите.
Етичкиот комитет на ФИФА во август ја затвори сопствената истрага по што е поднесена формална жалба за тој лет.
Fifa : la justice suisse a ‘’ récolté des indices d’activité criminelle de la part de Gianni Infantino ‘’https://t.co/TQU1IwTP04
— rémi dupré (@remidupre) December 10, 2020