Top Sport

Инфлуенсер сакал да украде 100 милиони фунти од премиерлигашки клуб

Инфлуенсерот на социјалната мрежа „Инстаграм“ Рамон Абас бил уапсен во Обединетите Арапски Емирати. Абас познат како Хушпапи бил уапсен по барањето на американскиот ФБИ поради „сајбер-криминал“.

Абас кого на „Иснтаграм“ го следат преку два милиони луѓе е познат по живото на „висока нога“. ФБИ ја разоткриле неговата шема на измами и тој се соочува со 20 годишна затворска казна.

Неговата последна операција била насочена кон клуб од Премиерлигата откаде планирал да извелче 100 милиони фунти!

„Во прашање се БЕК-шеми (бизнис и-мејл компромајз), едно од најтешките кривични дела во „сајбер-криминалот“. Криминалците ја „клонираат“ и-мејл адресата, а тоа обичен човек не може да го примети. На тој начин со лажно претставување се покренува префрлање на пари на друга сметка“, пишуваат странските медиуми.

ФБИ со истрагата откриле дека Абас на овој начин се финансирал и дека тој бил водач на хакерска мрежа.

Scroll to Top