Top Sport

Иниеста: 30 април е денот Д

Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста, откри дека на 30 април ќе соопшти дали ќе остане во Барселона и по завршувањето на сезоната или прв пат кога како 12-годишник во 1996 година пристигна во каталонската престолнина, ќе го напушти клубот.

Иниеста е легенда не само на Барселона туку и на шпанскиот и светскиот фудбал, еден од најдобрите на својата позиција во историјата, но годините се нешто од што не може да избега.

Конкуренцијата во Барселона е силна, а прашање е дали Иниеста, кој во мај ќе наполини 34 години, би прифатил поголем дел од сезоната да седи на клупата за резервни фудбалери.

„Првин мора да го известам клубот, а потоа новинарите. Клубот мора прв да ја дознае мојата одлука. Се до 30 април можам да молчам, потоа ќе излезам во јавноста и ќе ја соопштам одлуката. Ќе се обидам да ја донесам најдобрата одлука“, рекол Иниеста на прес-конференцијата по синоќешниот натревар против Челси во Лигата на шампионите.

Инаку изминатите месеци се појавија шепекулации дека доколку замине од Барселона Иниеста има две опции: првата е да замине во Манчестер сити кај својот поранешен тренер и добар прјател Пеп Гвардиола, а втората да замине во Кина.

Scroll to Top