Top Sport

Иниеста дебитираше со пораз во Кобе

Андрес Иниеста нема да има добри сеќавања на своето деби во дресот на Висел Кобе. Во рамките на 17.коло, во јапонската лига, Кобе загуби со 3:0 од Шанон Белмар.

Иниеста на теренот се појави во 59.минута, кога Кобе имаше негатива од два гола. Во моментот кога Инисеста влегуваше во игра сите на стадионот сатнаа да го поздрават еден од најдобрите играчи во последната деценија.

Сака го постигна првиот гол во 10.минута, а на почетокот на вториот дел Саито зголеми на 2:0. Конечниот резултат го постави Пунсуке во 67.минута.

Scroll to Top