Андрес Иниеста, по завршувањето на минатата сезона, по 22 години и 30 освоени трофеи, ја напушти Барселона и реши кариерата да ја продолжи на далечниот Исток, во Висел Кобе.
Иниеста со Барселона четири пати ја освоил Лигата на шампионите, последен пат во сезоната 2014/2015. Жали што не освоил уште некоја титула во шампионската лига.
„Секако дека ќе беше добро доколку освоев уште некој трофеј во ЛШ, кој не би го сакал тоа? Сепак мислам дека луѓето треба да бидат горди на она што постигнавме, ние ги правевме да бидат среќни. Реал последните сезони ја освојуваа ЛШ, ќе бидат среќни поради тоа, но не целосно, бидејќи не ги освојуваа домашните трофеи, како што тоа го правеа некој други…Вистина е дека Брселона изминатите сезони имаше тим за поголеми дострели во ЛШ“, рекол 34 годишниот фудбалер.
Иниеста открил дека би сакал еден ден, во некоја друга улога, да се врати во Барселона.
„Решив да заминам бидејќи видов дека дојде моментот, во кој почувствував дека се му дадов на клубот, дека душата ја оставив таму. Поради тоа решив да го сменам окружувањето, државата, решив да најдам нови сништа и предизвици. Доколку ме прашувате мене јас би се вратил во Барселона, меѓутоа никој не може да знае што носи иднината“, заклучил Андрес Иниеста.