Top Sport

Иниеста ќе се врати во Барселона

Шпанските медиуми најавуваат дека еден од најдобрите играчи во историјата на Барселона, Андрес Иниеста ќе се врати во клубот.

Иниеста ја напушти Барселона во 2018 година кога се пресели во Јапонија, во екипата на Висел Кобе. Во Јапонија игра во голема форма, сезонава за Висел Кобе постигнал 10 гола и забележал 13 асистенции.

Иниеста на почетокот на година рекол дека се уште не размислува да стави крај на кариерата и дека не би имал ништо против да се врати во Барселона.

„Намерата ми е да играм и понатаму. Имам уште две години од договорот со Висел и на знам дали потоа ќе има сила да продолжам. Меѓутоа би сакал да се вратам во Барселона не е важно кога. Но сепак тоа се само хипотези. Најважно е дека се уште се чувствувам како фудбалер“, изјавил во јануари Иниеста за „Спорт“.

Андрес Иниеста во кариерата како играч на Барселона освоил 32 титули, вклучувајќи четири во Лигата на шампионите.

Scroll to Top