Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста, подолго време размислува за трансфер во Кина и според каталонските медиуми, веројатно наредното лето кариерата ќе ја продолжи во оваа земја.
Каталонскиот весник „Спорт“ наведува дека преставници на Тјанџин Чванџијан веќе два пати биле во Барселона и се распрашувале за можниот трансфер на Иниеста, кој во кариерата има одиграно 651 натпревари и постигнато 55 гола за каталонскиот гигант.
Договорот на шпанскиот репрезентативец со Барселона истекува по завршувањето на сезоната и според истиот извор до крајот на март треба да биде позната неговата иднина.
Тјанџин наводно на Иниеста му нуди неделна плата од речиси 700.000 евра.
Инаку за Тјанџин играат антони Модесте, Аксел Витсел и Алешандре Пато, тренер е Паоло Соуза.