Top Sport

Иниеста се прости од соиграчите, Чави не можеше да ги задржи солзите (Видео)

Фудбалерите на Барселона утре ќе ја затворат сезоната, која ја крунисаа со освојувањето на двојната круна. Барселона ќе го пречека тимот на Реал Сосиедад, а тој меч ќе биде последен за Андрес Иниеста во дресот на каталонскиот гигант.

Иниеста, во текот на вчерашниот ден, организираше проштална церемонија. Тој се прости од соиграчите и пријателите во Барселона.

На церемонијата беа присутни и неговите поранешни соиграчи Чави и Самуел Ето.

Заминувањето на Иниеста тешко му падна на неговиот голем пријател Чави, кој во иста ситуација беше пред три години.

Чави со многу емоции ја доживеа целата церемонија, тој едноставно не можеше да ги задржи солзите.

Scroll to Top