Напаѓачот на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс постигна фантастичен гол против Хетафе, но тоа не беше доволно баскискиот клуб да стигне до победа, откако мечот од 22. коло на Ла лига заврши со 2:2.
Athletic Bilbao forward Inaki Williams just did THIS to Getafe ?? pic.twitter.com/RG9RqUxEgV
— talkingbaws.com (@talkingbaws) January 19, 2018
Вилијамс, кој е шпански интернационалец и е роден во Баскија од либериски родители, во 13. минута успеа да го совлада Емилијано Лопез со фантастичен волеј, иако скептиците ќе велат дека намерата не му беше да постигне гол.
23-годишниот Вилијамс потпиша нов договор со тимот од „Сан Мамеш“ во средата, ставајќи крај на шпекулациите за преселба во Премиер лигата, и веднаш одговори со фантастичниот гол.