Top Sport

Иновативно: Досега невидена прослава на титулата во ЛШ

Најскапиот играч во историјата на Баерн Минхен, Лукас Хернандез, триумфот во Лигата на шампионите го прослави на начин што досега не е виден. Фудбалерот за кого Баерн минатото лето на Атлетико Мадрид им платија 80 милиони евра ја стави главата во пехарот.

Лукас, светски првак со Франција во 2018 година, оваа сезона не играше многу поради повредата на глуждот. Во Лигата на шампионите тој одигра само три натпревари.

Инаку Лукас е вториот од семејството Хернандез што го освоил трофејот во Лигата на шампионите, претходно тоа му успеа и на неговиот брат Тео кој европски првак стана со Реал Мадрид во 2018 година.

Scroll to Top