Top Sport

Инс: Роналдо мора да си замине од Јунајтед, не го гледате Меси да прави такви работи

Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Инс го критикуваше Кристијано Роналдо, порачувајќи дека Португалецот мора да си замине од клубот до крајот на преодниот рок поради неговото безобразно однесување.

Според Инс, однесувањето на Роналдо носи пречки во тимот на Јунајтед и посочува дека поранешните фудбалери на клубот не би толерирале такво однесување.

„Роналдо мора да си замине о Јунајтед. Да беше во соблекувалната кога јас играв со луѓе како Рој Кин и Стив Брус, никој немаше да го трпи со ова што го прави. Беше важно што Тен Хаг го изостави од стартните 11 против Ливерпул, бидејќи тоа покажа на навивачите дека има живот и без него. Тој им пречи на сите во Манчестер јунајтед. Не го гледате Лео Меси да прави такви работи“, вели Инс.

Scroll to Top