Top Sport

Инс: Салах и Фирмино да заборават на социјалните мрежи

Поранешниот англиски репрезентативец Пол Инс верува дека Ливерпул може да го прекина 29-годишниот пост и да ја освои титулата во Премиер лигата. Ливерпул на последните две средби против Лестер и Вест Хем одиграа 1:1, поради што имаат само три бода предност во однос на Мачестер сити.

Доколку „граѓаните“ вечерва победат кај Евертон ќе имаат ист број на бодови како и Ливерпул, но поради гол разликата ќе бидат први на табелата.

Инс вели дека фудбалерите на Ливерпул мораат да се фокусираат на она што се случува на теренот. Не му се допаѓало што поединци како Роберто Фирмино, Мохамед Салах и Тренр Александер-Арнолд премногу време поминуваат на социјалните мрежи.

„Мој совет до играчите е да се фокусираат само на играта. Доколку можат целосно да се исклучат од социјалните мрежи, да ја врата вербата во себе и да се сетат како стигнале до оваа точка“, рекол Инс.

Тој не се сомнева дека играчите на Јирген Клоп го поседуваат потребниот квалитет за да ја освојат Премиер лигата.

„Премногу се квалитетни за да не успеат, ова е нивната шанса. Навивачите можат да им помогнат, тие се најдобрите во лигата. Неверојатни се, но на последните неколку натпревари на Енфилд се почувствува дека се под притисок. Сакаат да ја освојат Премиер лигата, но нервозата на теренот е видлива. Кога се навивачите мирни, мирни се и играчите. Навивачите треба да го турнат својот тим кон титулата“, заклучил Инс.

Scroll to Top