Top Sport

Инс: Тешко на Јунајтед ако не трошат ова лето

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Инс предупреди дека „ѓаволите“ ќе имаат многу проблеми доколку не потрошат многу пари на засилувања ова лето.

Тимот на Оле Гунар Солскјер останува во трка за само уште една титула, таа во Лига Европа, додека во Премиер лигата, Манчестер сити се покажа како недостижен. Шпекулациите велат дека ова лето може да заминат многу фудбалери, како Единсон Кавани, Пол Погба, Давид де Хеа и Дони ван де Бек и Инс вели дека мора да се мисли на иднината.

„Не се многу далеку од успех како што мислевме пред две години и имаат мал прогрес. Но, мечот против Лидс покажа колку се далеку од врвот, бидејќи беа многу непостојани оваа сезона. Потребни им се пари, потребен им е напаѓач. Кавани ќе оди во Бока јуниорс. Ќе има многу проблеми и ќе мора да се инвестира за да се направи тим кој ќе биде постојан секоја недела. Тоа не го видовме засега иако резултатите се подобри. Кога дојде Оле велев дека е неискусен за оваа работа, но очигледно го сменил менталитетот на играчите по Жозе Мурињо и резултатите се добри. Имаат карактер и ментална сила, но потребни се квалитетни засилувања за да се направи нешто следната сезона. Челси ќе бидат силни, Арсенал и Тотенхем исто така, ќе има многу силни тимови“, вели Инс.

Scroll to Top