Top Sport

Инс: Заминувањето на Кутињо е најдоброто што можеше да му се случи на Ливерпул

Пол Инс смета дека заминувањето на Филипе Кутињо од Ливерпул во Барселона е најдоброто нешто што можело да му се случи на англискиот клуб.

26-годишниот Кутињо беше клучен фудбалер за клубот од „Енфилд“ пред да замине за фантастични 142 милиони фунти во Барселона во јануари ставајќи крај на „сагата“. Без него, Ливерпул стигна до финалето на Лигата на шампионите и до топ 4 пласман во Премиер лигата и Инс вели дека тимот бил подобар без него.

„Тогаш сите мислеа дека кога ќе замине Кутињо, тоа е тоа, тие се готови. Не знам дали и Клоп го мислеше тоа, но за мене неговото заминување беше најдоброто нешто што можеше да се случи за тимот бидејќи тие толку зависеа од него. Кога си замина, дојде време другите да го кренат своето ниво и да ја преземат одговорноста. Ливерпул веќе не беше тим со еден играч. Салах ја пополни дупката“, вели Инс.

Инс, кој играше за Ливерпул од 1997 до 1999 година, вели дека следната година тимот ќе биде посилен со доаѓањето на Наби Кеита и Фабињо, но признава дека ќе недостасува Емре Џан, кој заминува во Јувентус.

„Кеита од Лајпциг е топ-фудбалер, а ми се допаѓа и Фабињо. Мислам дека Ливерпул заврши одличен бизнис, но штета е што Џан замина“, додава 50-годишниот Инс.

Фото: ЕПА

Scroll to Top