Top Sport

Инсиње: Гатузо ми кажа дека Тотенхем е во хаос

Капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње вели дека Џенаро Гатузо преку СМС порака му кажал дека Тотенхем е во хаос пред неуспешните преговори да стане нов тренер на лондонскиот клуб. Инсиње останува близок со Гатузо, откако работеше со него во Наполи.

Тотенхем подолго време се во неуспешна потрага по тренер кој би го заменил Жозе Мурињо, и се веруваш дека клубот се откажал од именувањето на Гатузо поради реакцијата на навивачите, но оваа порака на Гатузо покажува дека понудата едноставно не била доволна.

„Да, си разменуваме СМС пораки, и ми кажа дека таму има мал хаос. Сега сум фокусиран на ЕУРО, а тој е на одмор, така што нема да го прашувам што точно се случило“, изјави Инсиње.

Scroll to Top