Top Sport

Инсиње признава: Уживам да го гледам Сити на Пеп Гвардиола

Капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње по шпекулациите дека ќе направи трансфер во Англија на крајот на сезоната, во интервју признава дека ужива да го гледа Манчестер сити на Пеп Гвардиола.

Договорот на 31-годишниот Инсиње завршува на крајот на сезоната, а неговиот агент Винченцо Писакане неодамна потврди дека напаѓачот ја одбил понудата за продолжување на договорот, по што Интер, Јувентус и Тотенхем се јавија како можни дестинации.

Инсиње е произлезен од академијата на Наполи, клуб за кој одигра 415 меча и постигна 114 гола, освојувајќи две титули од Копа Италија и еден од Суперкупот на Италија. Само три години од неговата кариера тој беше далеку од Неапол, кога беше на позајмица во Кавезе, Фоџа и Пескара.

„Ја почитувам Англија и Шпанија, но во италијанскиот фудбал доминира тактиката. Затоа странците имаат тешкотии да се навикнат на нашиот фудбал. Никогаш не пропуштам фудбал на  ТВ. Уживам да ги гледам Манчестер сити на Пеп Гвардиола и би отишол да ги гледам во финале на ЛШ, во совршена позиција против Ливерпул“, вели Инсиње.

Scroll to Top