Top Sport

Инсиње: Во Наполи никогаш не го сфатија мојот карактер

Лоренцо Инсиње на крајот на сезоната ќе го напушти италијанскиот фудбал и врската со Наполи која трае цел живот за да се приклучи на Торонто ФЦ со слободен трансфер, и вели дека во Неапол никогаш не го сфатиле неговиот карактер.

30-годишниот Инсиње има над 400 настапи за Наполи, постигнувајќи 115 гола и 91 асистенции, но не секогаш имаше добри односи со навивачите на „партенопеи“.

„Луѓето секогаш очекувале многу од мене и се обидов да вратам на тоа. Имав несогласувања со навивачите и жалам за тоа. Капитенот треба да биде гаранција за луѓето кои го сакаат тимот и мислам дека никогаш не потфрливме со залагањето на теренот. Знаете што Наполи никогаш не го сфати за мене? Мојот карактер е посебен, можам да се шегувам со било кого, но на почетокот се држам на дистанца. Некои фанови сметаа дека тоа е ароганција, како да сакам да бидам над нив, но всушност е дефанзивен механизам“, вели Инсиње.

Scroll to Top