Дејан Ловрен, од клупата за резерви го следеше неверојатниот пресврт на своите соиграчи, кои ја елиминираа Барселона во полу-финалето во Лигата на шампионите.
Хрватскиот репрезентативец на новинарите им открил што им кажал тренерот Јирген Клоп пред почетокот на натпреварот.
„Сакам да му честитам на тренерот. Пред мечот имаше преубав говор. Беше прекрасно. Сите не „крена“. Ни кажа: „Момци, имајте верба! Всадете си во главите дека ние тоа го можеме! Еден или два гола, па дури и да не ги постигнеме во првите 15-20 минути, верувајте дека можеме да постигнеме гол во 65, 66 или 67 минута. Само да погодиме! Со Енфилд што стои зад нас, верувајте момци, ние го можеме тоа“.
„Никогаш не сме се сретнале со таков говор“, соопштил Ловрен.