Интер ја зголемил откупната клаузула за Мауро Икарди и според „Кориере дело спорт“ таа сега изнесува 160 милиони евра.
Икарди (25) со 22 гола е втор стрелец во Серила А, зад Чиро Имобиле од Лацио, а добрите игри на напаѓачот го зголемија интересот за неговите услуги, поради што клупските челници мораа да ја покачат откупната клаузула.
Интер нема ништо против да го продаде Аргентинецот, но јасно е дека ќе сака и добро да заработи на неговиот трансфер.
Напаѓачот со Интер има договор до јуни 20121 година, а според зборовите на аргентинскиот селектор Хорхе Сампаоли тој нема да биде меѓу играчите што ќе играат на Светското првенство во Русија.