Јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство му донесоа главоболки на тренерот на Интер, Симоне Инзаги.
Синоќешните натпревари на своите репрезентации пред време ги завршија Алексис Санчез и Лаутаро Мартинез.
Санчез, одигра само 36 минути во поразот на Чиле од Еквадор (2:0), додека Мартинез беше заменет на полувремето од пресметката на Аргентина со Бразил.
Според медиумите, Санчез сигурно нема да биде во комбинација за дербито со Наполи, додека постојат мали шанси Мартинез да се најде во стартната постава.