Во текот на вчерашниот ден како бомба низ фудбалскиот свет одекна информацијата дека Интер преговара за трансферот на Лука Модриќ. Наводно, споругата на Модриќ, Вања и неговиот менаџер, им го понудила фудбалерот на Интер. Експресно реагираше и првиот човек на Реал, Флорентино Перез, кој рекол дека Модриќ може да си оди за сума од 750 милиони евра.
Сепак, новинарот Џанлука Ди Марцио, тврди, дека изјавата на Перез е повеќе куртоазна и дека кога ќе го одржи состанокот со Модриќ ќе го смени мислењето.
Новинарот вели дека, најдобриот играч на Светското првенство, имал договор со Перез да замине од Реал доколку тој го побара тоа. Исто така, Ди Марцио, тврди дека понудата што ќе ја испрати Интер за фудбалер кој има 32 години Реал, едноставно нема да може да ја одбије.
Интер, на Модриќ планирал да понуди годишна плата од 11,5 милиони евра и договор до 2022 година. Клубот би платил 15 милиони евра за Реал да го пушти во Милано, а наредната сезона клубот Интер на сметката на „кралскиот клуб“ би уплатил уште 25 милиони евра.