Интер се целосно подготвени да го „вдомат“ Ромелу Лукаку од Челси, но ги предупредија премиерлигашките дека се поготвени да платат максимални 8 милиони евра за Белгиецот, јавува „Калчомеркато“.
Челси веќе ја одбија првичната поуда од 5 милиони евра за Лукаку, сметајќи дека се работи за премала сума, и наместо тоа го побараа Милан Шкринијар како дел од зделката, нешто на што во Италија не се подготвени да го направат.
Според „Калчомеркато“ во Интер се сигурни дека ќе се дојде до договор, бидејќи сметаат на тоа дека во англискиот клуб се „очајни“ да се ослободат од Белгиецот, кој по враќањето на „Стемфорд Бриџ“ претставуваше само проблем за тимот на Томас Тухел.