Интер се пофалија со успешна завршница на проектот „$INTER“ навивачки токени, откако ги продадоа сите милион токени за 2 милиони евра.
Токените беа поставени на продажба како дел од ФТО (Fan Token Offering) ова попладне и беа распродени за неколку минути. Ова е дел од спонзорскиот договор на Интер со компанијата „Socios“ која ги замени Пирели на дресовите на италијанскиот шампион.
Токените се дигитални ресурси, со кои фановите ќе имаат право да гласаат на анкети, да добиваат посебни промоци и ВИП пристап до одредени соддржини.
? 1.000.000 Fan Tokens ?
Nerazzurri, you did it.
All @Inter Fan Tokens made available during the FTO® are now SOLD OUT.
Thank you for your support ??$INTER ⚡️ $CHZ pic.twitter.com/KQVLSL8m9w
— Socios.com (@socios) September 10, 2021