Директорот на Интер, Бепе Марота открива дека „нераѕурите“ минатото лето контактирале со Масимилијано Алегри, пред да решат да го ангажираат Симоне Инзаги како наследник на Антонио Конте, кој си замина по освојувањето на првото скудето по 11 сезони.
„Пред да го донесеме Инзаги, имавме контакт со Алегри. Не мислевме дека Симоне ќе биде достапен, додек Макс беше без работа и разговаравме. Му се јавивме на Инзаги без да знаеме дека тој е на вечера со претседателот на Лацио, Клаудио Лотито. Сепак, тајмингот беше одличен и дојдовме до брз договор со респект кон Лотито“, открива Марота во интервју за „ДАЗН“.
Алегри, кој претходно работеше во Милан од 2010 до 2014, беше без работа по заминувањето од Јувентус во 2019, пред да се врати на клупата на „старата дама“ минатото лето. Марота има долга историја на соработка со Алегри, бидејќи тој беше директор на Јувентус кога го привлекоа од Милан во Торино во 2014 година.
#Marotta a Dazn: “Prima di #Inzaghi abbiamo avuto un contatto con #Allegri”.
Un anno fa l’#Inter stava per attraversare uno dei momenti più complicati della sua storia recente.
Ecco, quando si valuta questa stagione è giusto ricordarsi da dove si è partiti. https://t.co/D870clei4l
— Fabrizio Biasin (@FBiasin) May 17, 2022