Top Sport

Интер го купи тинејџерот Агуме од Сошо

Интер го потврди доаѓањето на фудбалерот од средниот ред на Сошо, Лусиен Агуме со тригодишен договор. „Нераѕурите“ платија 4.5 милиони евра плус бонуси за 17-годишниот Агуме.

За младиот Французин беа заинтересирани и Барселона и Манчестер сити, откако тој имаше одлични настапи за Сошо во втората француска лига, и добиваше споредби со Пол Погба за неговиот стил на игра и продорите кон голот.

Тој е трето засилување на Интер под водство на новиот тренер Антонио Конте, по Валентино Лазаро и Стефано Сенси.

Scroll to Top