Top Sport

Интер го предизвикуваат Вајналдум

Георгинио Вајналдум размислува да ги напушти Ливерпул и покрај тоа што англискиот шампион му ноди нов тригодишен договор со неделна плата од 105.000 фунти, бидејќи е подготвен за нов предизвик, кој може да го најде во Интер со Антонио Конте.

30-годишниот холандски напаѓач веќе пет години е во Англија и одби да даде одговор за преговорите со Ливерпул додека беше со холандската репрезентација, а за него има доволно интерес и надвор од Премиер лигата.

Барселона се обидоа да го донесат ова лето по заминувањето на Артур Мело и Иван Ракитиќ, а таму е поранешниот селектор на Холандија, Роналд Куман, кој редовно му даваше шанса да игра во репрезентацијата.

Scroll to Top