Фудбалскиот клуб Интер покренал тужба против франшизата од САД, Интер Мајами, чии сопственик е Дејвид Бекам.
„Каломеркато“, објави дела челниците на клубот од „Џузепе Меаца“ биле незадоволни што во името на клубот се користи името „Интер“. Според нив Бекам не смее да го употребува името кое е заштитено како бренд, додека од САД се со став дека никакви права не биле прекршени.
Тие сметаат дека употребата на зборот „Интер“ е од дескриптивна природа и дека често се користи во светот на фудбалот.
„Терминот Интер е кратенка од „интернационал“ (меѓународен) и како таков често се употребува во описот на фудбалските тимови“, стои во одговорот на Интер Мајами.
Бекам се соочува со многу проблеми откако го покрена амбициозниот проект.
Клубот од Мајами кога ќе започне да се натпреварува во МЛС лигата, своите натпревари ќе ги игра на реновираниот стадион „Локхарт“, а за две години ќе добијат свој стадион „Мајами Фридом Парк“.