Top Sport

Интер го „врзуваат“ Лаутаро со нов договор?

„Бунтот“ на Лионел Меси во Барселона може да има „позитивен“ ефект на Интер, кои сега веруваат дека можат да го „врзат“ Лаутаро Мартинез со долг договор.

Шансата да игра покрај соиграчот од репрезентацијата Меси, била една од главните причини поради кои Мартинез сакал трансфер на „Ноу Камп“, а откако истече клаузулата од 111 милиони евра за трансфер во Каталонија, Аргентинецот засега не е на радарот на Барса.

Според „Кориере дело спорт“, Интер ќе се обидат да ја искористат ситуацијата и да му дадат на „Ел торо“ нов договор. Лаутаро наполни 23 години минатата недела, а во Интер дојде за 25 милиони евра од аргентинскиот Расинг клуб во 2018 година. Тој имаше 21 гол во 49 меча минатата сезона.

Scroll to Top