Top Sport

Интер и Јунајтед во „трка“ за Толисо

Интер и Манчестер јунајтед се клубовите кои се заинтересирани за фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Корентан Толисо, тврди францускиот „РМЦ спорт“.

25-годишниот Толисо пристигна на „Алијанц арената“ од Лион за 41.5 милиони евра во текот на летото 2017, а во моментов е надвор од погон поради операција на скочниот зглоб, но одигра 24 мечеви за Баварците со 3 гола и 5 асистенции.

Според „РМЦ спорт“, Баерн е подготвен да го продаде Толисо на крајот на сезоната за најмалку 35 милиони евра. Интересот на Интер трае повеќе од две години.

Scroll to Top