Интер, во преодниот рок, се обиде но не успеа да го продаде Марцело Брозовиќ. Хрватскиот репрезентативец во финишот на минтата сезона предизвика неколку скандали, поради што Антонио Конте сакаше да ја ослободи соблекувалната од неговото влијание.
Особено активно на трансферот на Брозовиќ клубот работел последниот ден од преодниот рок. Најпрвин им го понудиле на Атлетико Мадрид во замена за Томас Парти. Меѓутоа од Мадрид не биле заинтересирани за размена, туку барале да биде платено обесштетувањето од 50.000.000 евра. На крајот клаузулата во договорот на Парти ја активираше Арсенал, а Атлетико го донесе Лукас Тореира.
Втората понуда за Брозовиќ Интер ја испратиле во ПСЖ. И Во овој случај размена понудиле од ПСЖ, Брозовиќ за Леандро Паредес. Но во Интер верувале дека со оваа размена не би го подобриле својот ред за врска. На крајот Брозовиќ остана во Интер да се бори за своето емсто во тимот.