За да се избегне судска постапка против клубот од страна на Мауро Икарди и Раџа Наинголан, Интер им ангажирал личен тренер додека се отстранети од првиот тим.
На двајцата фудбалери новиот тренер Антонио Конте јасно им кажа дека не се во неговите планови за новата сезона и тие се поставени на пазарот. Сепак, правилата велат дека на фудбалерите не смее да им се забранат тренинзите додека се под договор и Интер по консултации со адвокати најдоа посебно решение.
Според „Тутоспорт“ на подготовките на клубот во Лугано, Швајцарија, целиот тим работи на фитнес подготовки, а Икарди и Наинголан се исклучени од овој тим и работат со поранешниот тренер на јуниорскиот тим на Интер, Даниеле Бернацани како „личен тренер“. Според „Тутоспорт“, Бернацани има улога на „бејбиситер“ за двајцата.