Спортскиот директор на Интер, во име на клубот, испратил понуда до Манчестер Јунајтед за трансфер на напаѓачот Ромелу Лукаку. Познатиот италијански новинар Танкреди Палмери напишал дека понудата сериозно ќе биде разгледана на „Олд Трафорд“.
Интер за Лукаку понудиле еден фудбалер и пари. Истиот извор тврди дека 30 милиони евра и Иван Перишиќ е понудата на која може да има позитивен одговор од Манчестер Јунајтед.
Манчестер Јунајтед и во минатите два летни преодни рокови се поврзуваше со Иван Перишиќ, но клубот не успеа да го донесе на „Олд Трафорд“. Од друга страна Антонио Конте, кој треба да го наследи Лучано Спалети во Интер, му порачал на Марота дека сака да го има во тимот Лукаку.
Белгиецот последните две сезони ги мина во Јунајтед, одиграч 96 натпревари на кои постигнал 42 гола.
Ромелу Лукаку во кариерата бил играч на Евертон, ВБА, Челси и Андерлехт.