Top Sport

Интер „извојува“ победа кај Фрозиноне (видео)

Интер стигна до 3:1 победа на гостувањето кај Фрозиноне за да ја врати разликата од пет поени пред градскиот ривал Милан на третото место во Серија А, откако успеа да ја зачува предноста од првото полувреме.

„Нераѕурите“ бргу стигнаа до водство, откако Раџа Наинголан постигна гол со глава во 23. минута по асистенцијата на Д’Амброзио, а во 37. минута гостите поведоа со 0:2 откако по соборувањето на Милан Шкриниар во пеналтикот, Иван Перишиќ беше сигурен од белата точка.

Меѓутоа, последните половина час гостите се „тресеа“, откако Франческо Касата со удар од далеку постигна гол користејќи ја лошата интервенција на Самир Хандановиќ. Матијас Весино во 93. минута го постави конечниот резултат.

Scroll to Top