Антонио Конте и Интер се обидуваат да го реализираат трансферот на Ромелу Лукаку. Конте има високо мислење за овој напаѓач, кого се обиде да го донесе и додека ги предводеше Челси.
Интер испратиле досега неколку понуди, но сите ги одбиле од Манчестер Јунајтед. Според италијанските медиуми Конте ја испратил последната понуда, таа изнесува 83 милиони евра што е за шест милиони помалку од она што го бараат на „Олд Трафорд“.
Исто така Интер не ја дава сумата во кеш, туку „само“ 67 милиони евра, а останатите 16 би ги исплатиле преку разни бонуси.