Top Sport

Интер ќе го даде Лаутаро само ако го добие Гризман

Лаутаро Маринез игра одлична сезона, има постигнато веќе 16 голови со што го привлече вниманието на Барселона и Реал Мадрид.

Аргентинецот најчесто се поврзува со Барселона поради тоа што многу пофално за него зборувал колегата од репрезентацијата Лионел Меси.

Мартинез во договорот има клаузула според која во периодот од 1 до 15 јули може да замине за 111 милиони евра. Повеќе од јасно е дека Барселона и реал можат да ја платата оваа сума.

Новинарот познат по инсајдерските информации поврзани со трансферите на фудбалерите Џанлука Ди Мазио тврди дека Мартинез ќе заврши во Барселона.

Од „Ноу Камп“ имале намера со вклучување на неколку играчи да ја намалта сумата од 111 милиони евра. Наводно барса се подготвени да се ослобдат од Карлес Алења, Артуро Видал, Фелипе Кутињо и Шан-Клер Тодибо.

Сепак како што тврди новинарот Интер би биле расположени за некаква размена но само доколку во неа Барселона го вклучи Антоан Гризман..

Францускиот ас за кого Барса издвоија 120 милиони евра зад себе има бледа сезона, со 12 постигнати гола на 32 натпревари.

Scroll to Top