Интер размислуваат да му дадат на Алексис Санчез постојан договор, бидејќи сметаат дека Манчестер јунајтед ќе се согласат да го комплетираат трансферот за само 20 милиони евра, тврди порталот „Гол“.
Чилеанецот сигурно останува во тимот на Антонио Конте до почетокот на август откако се согласија за продолжување на договорот до крајот на сезоната 2019/20, но нема да може да настапи за Интер на завршницата од Лига Европа во Германија доколку Интер го помине Хетафе и се квалификува.
Санчез пристигна на „Олд Трафорд“ од Арсенал најавуван како голема ѕвезда, но во две години во клубот немаше големо влијание поради низата повреди и слабата форма, по што беше пратен во Интер. 31-годишниот Чилеанец, сепак, направил доволно да го натера Антонио Конте да се обиде да се дојде до постојан договор, посебно по шпекулациите дека ќе го загубат Лаутаро Мартинез.
Според „Гол“, веќе постоел џентлменски договор меѓу двата клуба, Интер да го добие Санчез за 25 милиони евра, но генералниот директор Бепе Марота е сигурен дека може да ја намали оваа сума на 20 милиони евра поради последиците од кризата со корона вирусот.